Монтиран лифтот на Крстот на Водно

На Милениумскиот крст е монтиран е нов лифт и со тоа, објектот е влезен во завршна фаза, односно на истиот се привршуваат работите околу инсталирањето на изолацијата и партерниот дел. Лифтот е набавен од „СОДИМАС“-Франција и ќе биде сервисиран од страна на производителот – изјави Игор Јанушев, директор на ЈСП – Скопје во интервју за порталот „Курир“.

Во инттервјуто Јанушев говори за електронските билети и електронската наплата во автобусите, картичките „Скопска“, плаќањето преку телефон, лифтот на Милениумскиот крст, како и за други проекти кои ја одбележуваат 2016 година.

– Во блиска иднина се очекува лифтот да стапи во функција, кој ќе има можност да ги превезува посетителите до самите краци на крстот, од каде што во присуство на официјални лица, ќе можат да се движат по нив. Времетраењето на возењето би било од 50 – 60 секунди, носивоста на кабината ќе биде до 800 кг. или до 10 лица.

Оттука на посетителите ќе им се овозможи прекрасен пејсажен поглед кон Градот.

Во склоп на самиот комплекс на Милениумскиот крст е предвиден и ресторан, кој ќе биде лоциран на базичниот дел на објектот – вели Јанушев за „Курир“.