Рецепт на денот: „Прсти да си изедете“, изненадете ги вашите најмили со неодолива чоколадна-крем пита

Оваа чоколадна-крем пита е вистинско изненадување после секоја трпеза, добредојдена секогаш и секаде, наменета за секое друштво. 

За овој специјалитет потребни ви се: 

- 1 пакување орео колачиња

- 1 лажичка инстант кафе

- 1 лажица путер

- 60 мл. слатка павлака

- 10 лажици какао

- 5 лажици кафе

- 2 лажички сол

Начин на подготовка: 

Смелете орео колачиња, а потоа измешајте ги со 1 лажичка инстант кафе и додадете го растопениот путер. Откако ќе добиете смеса слична на мокар песок, ја натапкутаме на дното и од страните на чинија/калап за пита (20цм). Оставете во фрижидер. Филот подгответе го со густинот во комбинација со какаото, солта и кафето. Додадете 60мл слатка павлака и разматувајте убаво со жица (да нема грутки). Во тенџере на оган, ставете го млекото со шеќерот и чоколадото. Загревате додека чоколадото целосно се растопи. Тргате од оган и дел од смесата со млеко ја додавате во садот со густин и какао. Мешате убаво и потоа целата смеса ја враќате во тенџерето и на оган. Готвите уште неколку минути со постојано мешање (додека да згусне). Тргате од оган и додавате 1 лажица путер (и ванила арома по желба). Мешате додека се растопи путерот. Го додавате филот врз подготвнета основа, покривате со најлонска фолија (да го допира филот за да не се создаде кора). Оставте во фрижидер најмалку 6 часа, најдобро преку ноќ. Непосредно пред дегустацијата, матиме слатка павлака со шеќер во прав и ја додаваме врз филот. Декорирате и со чоколадни струганици или рендано чоколадо.

На здравје!