Рецепт на денот за вашите најмили: Рижото на медитерански начин

Наш предлог ручек за денес е „Рижото на медитерански начин“, подготвен на вкусен начин од кој нема да останат рамнодушни вашите најблиски и најсакани.

Начин на подготовка:

Исечкајте ги доматите и ставете ги во блендер. Растворете коцка за супа во литар вода, па половина од водата додајте ја во блендер и измешајте заедно со доматите. Сипете го во тенџере остатокот од супата и оставете го да врие на ниска температура. Во тава загрејте путер, па додајте ситно исечкан лук и динстајте околу 10 минути додека да омекне. Додајте и ситно исечкан кромид и рузмарин, промешајте па додајте го оризот и пржете околу 1 минута. Полека додавајте ја и супата со домати. Мешајте постојано. По 20 минути, ќе добиете вкусно рижото. Поклопете и оставете го да отстои. Промешајте, додајте босилок и пармезан.

Состојки:

400 гр. домати од конзерва

300 гр. свежи домати

250 гр. ориз

1 главица кромид

2 чешниња лук

1 лажица маслиново масло

2 лажици путер

4 лажици пармезан

1 коцка за супа од зеленчук

2 листа рузмарин

2 лажички босилек