Работи кои секоја мајка ги кажала барем еднаш во животот!

Не залудно велат дека една е мајка. Мајките се најпрекрасни суштества на овој свет, но и понекогаш знаеме да се потскараме. Она што секогаш се памтат се изреките на нашите мајки додека растевме. Кога бевме помали се нервиравме, но сега се смееме секогаш кога ќе се присетиме на тие денови. Не само тоа, туку најверојатно и ние ќе ги користиме овие изреки на нашите деца и ќе си се смееме самите на себе.

Па да видиме кои се изреките кои секоја мајка ги кажала барем еднаш во животот:

„Добро, јас на ѕидот ли му зборам?“

„Додека живееш во оваа куќа, ќе правиш како што јас ќе кажам.“

„Добро во чамец ли сте родени?“

„Ги изми забите?“

„Ја исчешла косата“

„Не ми превртувај со очите.“

„Така ќе излегуваш?“

„Јас не сум ти слугинка.“

„Собери си ги играчките.“

„Намести си го креветот.“

„Не скокај на креветот!“

„Бидете добро.“

„Исчисти си ја собата.“

„Ги изми рацете?“

„Добро ме слушаш ли ти мене?“

„Само ако ти дојдам, ќе видиш ти убаво!“

„Не го ставај тоа во уста, којзнае кај било.“

„Не ми го повишувај тонот!“

„Не трчајте внатре.“

„Прашај го татко ти.“

„Ќе си ги расипеш очите од тоа компјутерот.“

„Не зборувај додека јадеш.“

„Добро, колку пати треба да ти го кажам истото?“

„Нема да повторувам по сто пати!“

„ДОСТА!“

„Зеленчук јадеше?“

„Не знам НЕ Е ОДГОВОР!“

„Не ја трескај вратата“

„Како може да не го јадеш тоа, ако никогаш не си пробал/а?“

„Само уште еднаш ако го направите тоа....“

„И ти ќе имаш деца, ќе видиш како е...“

„Реков НЕ.“

„Затоа што јас така кажав.“

„Јас знам што е најдобро за тебе.“

„Бројам до ТРИ... еден, два...“ (Никој не знае што следи после два, затоа што сите одма си доаѓаат)

„Напиша домашно?“

„Парите не растат на дрво“

„Дали ти изгледам на Рокфелер?“

„Лицето ќе ти остане такво“

„Кога јас бев на твои години...“

„Ми газиш по нерви“

„Ако сите скокнат во Вардар и ти ли ќе скокнеш?“

„Кој дел од НЕ не го разбираш?“

„Што се замислуваш?“

„Чекај само татко ти кога ќе се врати дома...“

„Ти за мене секогаш ќе бидеш бебе и секогаш ќе те сакам.“