Пржо: Која е потребата кога сте на одмор во Африка да влегувате во училници и да се сликате со деца на настава?

Екологистот Кирил Пржо нотира интересен факт кој се однесува на македонските туристи кои патуваат во Африка. 

Неретко може да се забележи дека, фотографираат мали деца, црнчиња, правејќи „фото-кадар“ од нивнито оскуден живот. 

Пржо вели дека овие деца не се туристичка атракција и направи паралела со нашите македонски училишта. 

- Во последните години благодарајќи на ефтини летови и аранжмани многумина од Македонија и регионот успеаваат да патуваат подалеку, низ делови од афричкиот континент. Тоа е супер. Иако тоа не е туризам туку организиран театар на отворено со тури на лента - сепак е личен избор. Никогаш не сум разбирал, ама па сега кога ќе видам наши луѓе како го прават тоа уште помалку. Која е потребата кога сте на одмор во Африка да влегувате во училници и да се сликате со деца на настава? Што е тоа што е тука интересно за посета? Да се сликате со деца ко да се туристичка атракција? Да се разбереме такви оскудни услови имаат многу училишта низ државата - со валкан под, без греење, без прозори, со ќумбе...Мислам замислите доаѓаат туристи од Норвешка, кај вашето дете во школо да се сликаат: Леле види ги гревовите уште немаат книги, ги лаже министерот ќе се готови! или пак: леле види немаат тоалетна во тоелетите! За греота сте жими мајка, порача Кирил на својот фејсбук профил.