Прозорецот против инаетот - глетка позната од ЈСП (видео)

Граѓаните кои секојдневно го користат јавниот превоз во Скопје се сведоци дека пензионерите и повозрасните патници ретко кога се расположени да имаат блиску до нив отворен прозорец.

Конфликтите токму околу оваа работа не се ништо ново, а на видеото кое е снимено во Русија може да се видат двајца крајно инаетливи патници како скоро 4 минути го отвораат и затвораат прозорецот.