Проверете каде има застој во сообраќајот поради автобус во дефект!

Центар за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овој период  од денот , поголем број возила се регистрираат  единствено долж булеварот Гоце Делчев во двете насоки на движење, а помал застој на возила се создава и на мостот Гоце Делчев, затоа што токму под Стоковна Куќа Мост во насока на движење од булевар ВМРО кон крстосницата со улица Филип Втори Македонски на единствената сообраќајна лента проодна за сообраќај има автобус во дефект па оттука и оваа сообраќајна лента сега,не функционира.

Напоменуваме дека информацијата се однесува само за периодот на нејзино објавување и истата тековно се менува.