Пролетна офанзива во реонскиот парк во Ѓорче Петров

Екипите на комуналниот пункт од Ѓорче Петров заедно со екипи на ЈП „Паркови и зеленилно“ темелно го чистат и уредуваат паркот кој е најфрекфентен во нашата општина.

- Пред почеток на пролетните денови, планираме и целосно оплеменување на урбаната опрема во паркот, најави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Минатата недела беа санирани и оштетените делови на детското игралиште.

- Повторно сакам да апелирам да се однесуваме одговорно кон природата и да ја чуваме урбаната опрема, кажа Стојкоски.