Продолжува борбата со надојдените води во делот на Врасна, Неа Врасна и Ставрос - ниту еден Македонец не побарал помош

Продолжува борбата со надојдените води во делот на Врасна, Неа Врасна и Ставрос, пишува Aixmi.gr.

Според грчките медиуми, обилните врнежи предизвикале делумни поплави во Ставрос и Врасна, како и во поширокиот крајбрежен дел на Неа Врасна.

Само во делот на Врасна и Неа Врасна, на седум километри западно од Аспровалта, биле регистрирани над 200 повици за помош, а 28 лица биле спасени од катастрофа.