Пристигнаа 112 барања за субвенционирање чистење оџаци и 1.475 за купување велосипеди

Завршија јавните повици за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти за чистење оџаци и за купување велосипеди за 2023 година што ги распиша Град Скопје.

Оттаму потенцираат дека на јавниот повик за субвенционирање на чистење оџаци, пристигнати се 112 барања. Со овој повик, Градот Скопје надоместува дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.200 денари.

На јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди имаат аплицирани 1.475 граѓани. Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ до 4.000 денари по лице, а за оваа намена се обезбедени вкупно 6 милиони денари.