Професорот го започнал чaсот со тоа што се земал чаша полна со вода и го поставил следното прашање:
„Дали некој знае колку е тешка оваа чаша?“
Учениците меѓусебно се гледале и си шепкале нешто.
„Околу двеста грама! 300! 400!“ – извикувале учениците.
„Искрено, ниту јас не го знам точниот одговор“, рекол професорот, „но, тоа не е најважно. Моето прашање гласи: Што ќе се случи ако две минути ја држам раката со исправена рака?“
„Ништо“ – изненадено одговориле учениците.
„Точно. А ако ја држам наполнетата чаша околу два часа?“
„Ќе ве заболи раката“ – извикнал еден ученик.
„А ако ја држам цел ден чашата?“
„Па ќе добиете запаление на мускули!“
„А што мислите, дали тежината на чашата ќе се промени ако ја држам цел ден во рака?“
„Нема“ – одговориле сите студенти во еден глас.
„Токму така“ – рекол професорот и потоа продолжил:
„Запомнете деца: на истиот начин треба да се поставите и кон животните тешкотии. Ако две минути размислувате за проблемот – тој ќе се појави покрај вас. Ако размислувате два часа – ќе почне да ве исцрпува. Ако размислувате цел ден – ќе ве парализира. Со долготрајното размислување, проблемите нема да се намалат, тие ќе се зголемат. Само дејствувањето и преземањето акција ќе ви помогне да се изборите со тоа.“
Многу често, дури и најпростата, но и навремена акција е подобра од бескрајно размислување. Или решете го проблемот или оставете го зад себе. Во спротивно, тој целосно ќе ве проголта.