Поучна приказна: Дали постои Бог?

Еден човек отишол на бербер за да си ја скрати косата и да ја потсреди брадата. Кога берберот почнал да го шиша, почнале да разговараат на најразлични теми. Кога дошле до религиозните работи, берберот рекол: „Јас не верувам дека постои Бог.“

Човекот го прашал: „Зошто?“

Берберот одговорил: „Па само треба да излезеш на улица за да сфатиш дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои, зошто тогаш има толку болни луѓе? Зошто постојат напуштени деца? Ако Бог постои, не би имало ни болка, ни страдање. Не можам да замислам милостлив Бог кој би ги дозволил сите тие работи.“

Човекот се замислил, но не одговорил затоа што не сакал да почне да се расправа. Кога берберот завршил со шишање, човекот излегол од дуќанот. Откако излегол, здогледал еден човек со долга и нечиста коса и долга и неуредна брада. Човекот се завртел и се вратил во берберницата и му рекол на берберот: „Знаете што? Не постојат бербери!“

Берберот изненадено одговорил: „Како можете да го кажете тоа? Јас сум тука и сум бербер. Сега само што ве шишав и средував!“

Човекот рекол: „Не! Берберите не постојат, ако постоеја, по улиците немаше да шетаат луѓе со нечисти коси и неуредни бради, како човеков надвор.“

„Но, берберите постојат! Меѓутоа, тоа е она што се случува кога луѓето не доаѓаат кај мене!“

„Да, многу убаво го кажавте тоа!“ – рекол човекот и со насмевка си продолжил по својот пат.