Приказна која треба да ја прочита секоја жена!

Еден топол, летен ден, една млада, тукушто омажена жена отишла во посета кај својата мајка. Седнала во фотелјата и додека пиела леден чај, почнале да зборуваат за животот, бракот, одговорностите и обврските на зрелите луѓе.

Мајката замислено ги промешала коцките лед во својата чаша и одеднаш јасно и трезвено ја погледнала својата ќерка.

„Никогаш немој да ги заборавиш своите пријателки!“  – и рекла на својата ќерка.

„Како што старееш, ќе ти стануваат се поважни. Колку и да го сакаш сопругот, колку и да ги сакаш твоите деца, твоите пријателки секогаш ќе ти бидат потребни. Не заборавај повремено да излезеш сама со нив и да продолжиш да се дружиш со нив. И запамти дека твои пријателки не се само  пријателките, туку и твоите сестри и роднини. Ќе ти бидат потребни други жени. На жените секогаш им се потребни други жени!“

„Каков чуден совет…“ – помислила ќерката

„Зарем не се омажив пред кратко време? Зарем не влегов во светот на паровите? За име Божјо, јас сум омажена жена, возрасна! Не сум некоја очајна на која и се потребни пријателки! Мојот маж и моето семејство секако ќе биде се што ми е потребно за мојот живот да добие смисла.“

Но, сепак го послушала советот на мајка и и продолжила да ги одржува контактите со своите пријателки.

Како што проаѓале годините, таа полека почнела да гледа дека нејзината мајка знаела што зборува. Како што времето и природата носат промени во животот на секоја жена, пријателките остануваат најголема поддршка за неа.

Во своите 40-ти години, еве што научила:

Времето проаѓа.

Се случува животот.

Раздалеченоста раздвојува.

Децата пораснуваат.

Љубовта избледува.

Срцата се кршат.

Работите доаѓаат и одат.

Кариерите завршуваат.

Родителите умираат.

Колегите ги забораваат услугите.

Мажите имаат свој свет.

Но, пријателките остануваат покрај тебе, без разлика на времето и километрите. Пријателката никогаш не е толку далеку да не може да биде покрај тебе, тогаш кога тоа е потребно.

Додека мораш да одиш по тој осамен пат кој се вика живот и кога мораш да одиш сама, пријателките ќе бидат тука, покрај патот, навивајќи за тебе, молејќи се за тебе, трудејќи се околу тебе, ќе се заложуваат за тебе и ќе те чекаат на крајот на патото со широко отворени раце. А понекогаш дури и ќе ги прекршат правилата за тебе.