Не ја знаете приказната на другите луѓе, не давајте совети кога никој не го бара тоа од вас

Секој од нас оди на своја патека која е различна од нашата. Често можеме да не ја разбираме, но таа е поинаква и негова, а не наша. Не давајте совети кога никој не го бара тоа од вас.

Штом некому се обидувате да му судите или пак да го советувате за тоа што треба да направи во животот, вие :

1 -  ја преземате делумно и неговата карма – лекциите кои тој мора да ги изживее,  изработи, научи, разбере.

2 – вашите совети може да се корисни и потребни, но тие доаѓаат од вас, а не од самата личност. Вие можеби сте на друго ниво на зрелост, или друга состојба, различна од нивната.

3 – го земате нивниот товар, односно доброволно себеси си давате товар кој не морате да го носите. Се поврзувате со таа личност и без потреба се обидувате да решите нешто кое таа самата треба да сака да го реши.

Од таквите луѓе доброволно правите паразити, што негативно влијае на нив, а вам не ве прави херој. Таа личност како да не го живее својот живот, туку вие го живеете нејзиниот. Не правете го тоа ако некој не го побара од вас. Не се мешајте во туѓите животи и човечки судбини. Оставете ги самите да ја научат својата лекција во животот. Вие справете се со вашата. Тоа е вашата одговорност.

nike air max 1 sale