Пријави за неколку физички напади во Скопје, малолетници и учесници во сообраќајот влегоа во билтенот на МВР

Во билтенот на МВР во текот на вчерашниот ден се влезени пријави за неколку физички напади каде учесници биле обични граѓани и малолетници. 

На 05.03.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.А.(41) од Скопје пријавил дека на 04.03.2024 околу 20.00 часот во спортска сала на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил нападнат од неговиот тренер И.А. од Скопје.

Вчера во 09.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 08.55 часот во двор од основно училиште во с.Ново Село, скопско, малолетник физички бил нападнат од тројца други малолетници.

Исто така вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.А.(40) од Скопје пријавил дека околу 10.30 на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Следниот настан каде е пријавено физички напад се случил во 15.00 часот во СВР Скопје, каде Д.Д.(52) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од С.Н.

Во сите овие случаи МВР известува дека веќе се превземаат мерки и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.