Премиера на танцова претстава „Делови“ од Културно-уметничкиот центар Битрикс

Културно-уметничкиот центар Битрикс ќе ја претставува својата втора танцова претстава насловена „Делови“ наредната среда (08.06.), на покривот на катната гаража „Македонска Фаланга“. Претставата е дел од проектот „Спаси ме“ кој е поддржан од Град Скопје.

Се работи за мултимедијален проект кој инсистира на блискост помеѓу публиката и изведувачот. Спој на музички и танцов перформанс на група музичари и танчери. Самата претстава е составена од три дела, каде како кореографи ќе дебитираат Дејан Битровски (П.А.Н.Г.Т.Е.О.) и Леонардо  Хусеини (КОНЕКТ). Третиот дел, „3/∞“ е дело на Ивана Балабанова.
На претставата ќе настапи речиси целиот ансамбл на Културно-уметничкото друштво Битрикс меѓу кој се: Леонардо Хусеини, Дејан Битровски, Ивана Балабанова, Сара Ничота, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска, Бесир Демири, Мартин Иванов, Саве Исирова, Јоана Шикоска, Христијан Проданов и Јоана Попоска. Како соработници на проектот се и музичарите Калина Велковска, Матеј Петров, Виктор Апостоловски, Александар Илиоски, Дина Јовановска, Дамјан Даневски, Александар - Џигер Ванчовски. 

Премиерното издание ќе се одржи на покривот на катната гаража „Македонска Фаланга“ со почеток од 20 часот. Билети за претставата можат да се купат во студиото на „Битрикс“ по цена од 200 денари.