Прекрасниот Расел конечно си најде дом

ЈП „Лајка“ објави дека кучето Расел по една година помината во прифатилиштето конечно си најде дом.

-Пред една година Расел се појави пред вратите на прифатилиштето на ЈП Лајка во загрижувачка состојба со длабока рана на вратот како последица од силно заврзана жица. По неколкумесечен стручен надзор, грижа и хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка, Расел во овој момент се наоѓа во одлична здравствена состојба, информира „Лајка“.

Од претпријатието соопштија дека во изминатиот период активно барале дом за него.

-Вработените во ЈП Лајка се силно приврзани со него и во цел овој изминат период активно баравме дом за него, а денес Расел ни го направи посебен денот со тоа што кончено замина во својот дом. Му посакуваме долг и среќен живот со неговото семејство, соопштија од „Лајка“.