Право на регрес за годишен одмор (К-15)- Услов е работникот да работел најмалку 6 месеци кај работодавачот

Покрај правото на работникот на заработувачка – плата има право на надомест на трошоци поврзани со работата.

Според последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството од 14.07.2015 година предвидено е Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата.

Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни. Износот на регресот се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.

Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од ра- ботниците.