Пратениците Лефков и Петрушевски се обидоа да поминат граница со стари пасоши, беа вратени од пограничните служби

Пратниците на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков вчера се упатија кон граничниот Делчево на границата со Бугарија. Од видеото на социјалните мрежи како што објаснува Лефков сакале да проверат дали навистина се затворени како во “конзерва“ и дали ќе им дозволат да ја поминат границата со старите пасоши.

Од видеото може да се забележи дека двајцата пратеници ја поминуваат македонската граница со пасошите на кои стои старото име на државата. Од нашите гранични служби како што се слуша на видеото службеникот им кажува дека нема никаков проблем да ја напуштат државата но како ќе поминат на бугарска граница тоа не може да го знае. На бугарската граница се случи еден интересен момент. Кога двајцата пратеници ги приложија обичните пасоши не беа пуштени од страна на бугарските погранични служби, но кога ги приложија дипломатските тогаш приказната беше поинаква. Од пограничната полиција им беше кажано дека имаат насоки само за обичните пасоши додека за дипломатските немаат добиено никакво известување и дека со нив можат слободно да влезат на територијата на Бугарија.

- “Имаме порака до нашите колеги во Собрание, веднаш да биде ставен на гласање и да се усвои Предлог законот за измена и дополнување на законот за патни исправи со којшто ќе се продолжи важењето на пасошите. Имаме 44 гласа во собрание во секој момент и ни недостасуваат уште 15 кажа“ Лефков.

Пратеникот Бране Петрушевски исто така им се обрати на неговите колеги од Собрание

- “ Доколку колегите од СДСМ и ДУИ не гласаат за овој закон би било етички и морално исправно од нивна страна да се откажат од дипломатските пасоши за и тие да сочуствуваат со граѓаните на Република Македонија кои се затворени на територија на Република Македонија како во конзерва“ рече Петрушевски