Познат е идентитетот на убиенот 32-годишен Македонец во Германија

Јавноста во Македонија вчера беше затечена по иформациите на германскиот “Билд“ дека е убиен Македонец во Есен, Германија. Вчера порталот “Експрес“ откри дка станува збор за Емре Исмаили на возраст од 32 години кој по потекло од селото Жировница во Маврово-Ростуше и бил моментално на привремена работа во Германија.

Неговите пријатели го опишуваат Емре како голем патриот кој си ја сака Македонија и често се фотографирал со дрес од македонската фудбалска репрезентација.

Исмаили работел како помошник-менаџер во Мекдоналдс и досега во неразјаснети околности влегол во расправија со двајца Еритрејци кои брутално го претепале со пивско шише нанесувајќи му тешки повреди по што починал

Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица, а сведок на инцидентот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест – но веќе било доцна.

Откако од сведоци добила добар личен опис на убијците, полицијата успеала да ги уапси двајцата осомничени, еден на железничката станица во Есен, а другиот на железничката станица во Милхајм. Двајцата добиле притвор од судот во Есен каде ќе го чекаат судењето за убиство.