Пожари беснеат на неколку локации на територија на Македонија

Вчера околу 11,00 часот над село Грачани-Скопје, од засега непознати причини настанал пожар при што во поголем обем била опожарена нискостеблеста шума и истиот се ширел кон куќите во селото и бил на околу 300-400 метри од истите.На лице место присутни се екипи на Бригада за противпожарна заштита -Скопје.

Вчера во врска со пожарот, во атар на селото Требовље-Македонски Брод добиено е известување дека било зафатено селото, при што дислоцирано е населението (28 лица). Во селото биле останати четири возила на Територијална противпожарна заштита и полициски службеници, по што сите кои биле вклучени во извлекувањето на месното население безбедно го напуштиле опожареното место. Од екипи на Територијална противпожарна заштита се превземаат мерки за пожарот да се стави под контрола.

Вчера попладне исто така околу 16,00 часот во село Брезница на местото викано „Рупа“ забележан е пожар, при што била известена екипа на Бригада за противпожарна заштита. Пожарот не бил локализиран и се ширел, при што опожарени биле викенд куќи во кои немало лица.

Синоќе пак околу 21часот 15 минути на планината Жеден над селата Ротинце и Копанце, настанал пожар и истиот се ширел кон село Радуша, по што горела  нискостеблеста шума.