Пожар избувнал околу пладне во стан на улицата „Адолф Циборовски“ во близина на Универзалната сала.
Од МВР за Курир потврдуваат дека кај нив пријавен е пожар во зграда на шести кат кој избувнал од засега непознати причини и нема пријава за евентуално повредени лица.
Брзата интервенција на противпожарната екипа, за што потврдуваат и соседите, спречила поголема штета. Дел од соседите кои живеат во околните згради за Курир велат дека слушнале извици за помош, а набрзо потоа ги виделе и противпожарните екипи.
Неофицијално во станот се наоѓала жена, а пожарот избувнал откако дошло до електричен спој од сијалица, по што се запалил душек. Сепак полициската истрага треба да ги утврди причините за избувнување на пожарот.