Видео: Се запали една од галиите во Центар

Пожар изби во галијата кај „Холидеј ин“. Противпожарната бригада на Скопје е на терен. Огнот е локализиран, но гасењето сè уште трае, а облаци црн чад се креваат во центарот на Скопје.

- Опожарена е внатрешноста на галијата. Имаше и чад и оган, сега огнот е локализиран. На терен се дванаесетмина пожарникари и три возила, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје за „Макфакс“.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.