Повторно победува шпрекулантско – инвесторскиот урбанизам, велат од „Шанса за центар“ за просторот кај „Треска“

Просторот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје нуди извонредни услови за нови содржините кои ќе им донесат специфичен квалитет на неговите идни корисници, но и на општината Центар, сметаат од „Шанса за Центар“, но се песимисти дека тоа ќе се случи. 

Велат дека шансите потенцијалот да биде биде искористен се сѐ помали. 

-Додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценетото решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален, велат од „Шанса за Центар“. 

Оттаму потенцираат дека за жал, повторно шпрекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите. 

-Системското уништување само продолжува со ваквите одлуки и изјави на сегашниот градоначалник кој вели дека моменталниот план е важечки, занемарувајќи ги сите претодни активности и конкурсот за ново планирање на фабриката Треска. Јавноста, пак, сѐ уште не доби информации за причините за пожарот, а Обвинителството и системот затаија, велат поборниците за рационално и хумано решение на овој простор во срцето на Скопје.