Повик за интерес за избор на европски куратор – селектор на заедничката изложба 2018

Град Скопје ги повикува заинтересираните историчари на уметноста, кустоси или куратори да земат учество во постапката за селекција на куратор-кандидат од Град Скопје како можен куратор-селектор на изложба во рамки на европскиот проект „Креарт“.

Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.

Како дел од активностите на мрежата еднаш годишно ќе се организира „Заедничка Европска изложба“ која ќе патува во 3 различни градови, а на која ќе учествуваат уметници од сите партнерски градови, избрани од еден заеднички европски куратор.

Првото издание на изложбата ќе биде организирано во 2018 година во 3 града учесници во проектот Креарт, а нивниот распоред и рута ќе биде:

- Ваљадолид, Шпанија: мај-јуни 2018 година

- Ливерпул, Велика Британија: јули-август 2018 година

- Лублин, Полска: септември-октомври 2018 година

Град Скопје заедно со преостанатите партнерите на мрежата Креарт ќе му предложат на координаторот (Градот Ваљадолид, Шпанија) кандидати за куратор со кратки биографии и краток предлог на тема за Изложбата. Кураторите можат да припаѓаат на градовите-партнери, но треба да имаат меѓународно искуство како кустоси или куратори на изложби и течно да говорат англиски јазик.

Заинтересираните треба да поднесат своја биографија на англиски јазик со кратко писмо за мотивација најдоцна до 14 јули 2017 година (петок) на следната е-маил адреса: nadap@skopje.gov.mk

Условите за учество и повеќе детали за конкурсот може да добиете на следната интернет врска –

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%20...

Повеќе информации можете да добиете на телефонските броеви 02/3297323 и 070 419-741, како и на електронската адреса nadap@skopje.gov.mk.Лице за контакт: Нада Пешева, координатор на прокетот „Креарт“ од Град Скопје