Порака на денот: Прергнете ги луѓето што ги сакате!

Прегрнете ги луѓето што ги сакате!

Денес. Утре. Секој ден.

Никогаш не знаете кога последен пат ќе се видите со некој што ви значи.

Не дозволувајте да се каете затоа што не сте им кажале колку ги сакате и колку ви е важно тоа што тие се дел од вашиот живот.

Прегрнете ги луѓето што ги сакате, подарете им насмевка и по некој убав збор.

Можеби тоа ќе биде најубавиот збор кој го чуле денес.

Можеби тоа ќе биде најубавото нешто што им се случило денес.

Животот е хаотичен, а овој свет понекогаш е немилосрден.

Но, сите маки изгледаат помали кога ги споделуваме со оние што ги сакаме, кога ќе го видиме лицето на нашите пријатели, нашите партнери, нашите родители или деца.

И баш затоа треба да ги прегрнуваме. Често. Секој ден.

Затоа што тие се нашата светлина во овој темен свет.

Тие се нашето виножито во ова црно-бело секојдневие.

Затоа, баш денес, баш сега, оставете го телефонот, затворете го лап-топот и прегрнете ги луѓето што ги сакате!

cheap nike air max 90