Поучна приказна: Никогаш не сме сами, секогаш има некој кој нѐ чува...

Постои една стара индијанска легенда за ритуалот на преминот на едно момче од детството кон зрелоста.

Имено, таткото го однел свој син длабоко во шумата, му ставил превез преку очите и го оставил да седи сам. Момчето требало цела вечер да седи на едно пресечено стебло и не смеело да го тргне превезот од очи сѐ додека не ги почувствува првите сончеви зраци на лицето. Не смеело да плаче, ниту да побара помош.

Кога ќе ја помине таа ноќ, ќе стане човек.

Забрането му било да зборува со другите момчиња за своето искуство, затоа што секое од нив морало да влезе во зрелото доба на свој начин. Детето било преплашено. Морало да ги слуша сите звуци околу себе. Постојано го слушал звукот на ветерот, но сепак сето тоа храбро го поднел, затоа што знаел дека тоа единствениот начин да стане зрел човек.

Конечно, по ужасната ноќ, сонцето изгреало и тој конечно можел да го тргне превезот од очите. И дури и во тој момент момчето сфатило дека неговиот татко цело време седел до него на соседното стебло и цело време внимавал и се грижел да не му се случи нешто лошо! 

Поука: Никогаш не сме сами, секогаш има некој кој нѐ чува!