Порака на денот: Ако постојано размислувате за иднината, создавате проблеми кои навистина не постојат

Дали постојано размислувате за иднината и се чувствувате лошо за она што мислите дека можеби доаѓа?

Photo by Sam Clickx on Unsplash

Станувате песимисти, негативноста ве обзема, го замислувате најлошото сценарио, дури и ако тоа не е најверојатното сценарио.

Ако постојано размислувате за иднината, создавате проблеми кои навистина не постојат. Се прашувате што ќе направите ако се случи ова и она или како ќе се справите со некоја ситуација - и веројатно ништо од тоа нема да се случи, барем не онака како што вие го замислувате.

Добро е да се биде подготвен, но нездраво е да сме опседнати за она што доаѓа. Никој не успеал во целост да ја предвиди иднината, зошто би можеле вие?  Нездраво е да се фокусирате на нешто лошо одново и одново, бидејќи вашето тело ја обновува секоја мисла и тоа е лошо за вашето здравје.

Ако секогаш размислувате за иднината, заборавате да уживате во сегашноста. Не ја гледате убавината во дружбата вашите пријатели, во миговите поминати со вашето семејство, во природата околу вас. Вие живеете во вашиот ум, наместо во сегашниот момент. 

Ако секогаш размислувате за иднината, постојано се изложувате на стрес. Никогаш не уживате во храната што ја јадете или во прошеткатав во парк, затоа што секогаш чекате да видите што ќе се случи следно. Се прашувате каде ќе ве одведат вашите постапки наместо да живеете во моментот.

Кога секогаш размислувате за иднината, ја гледате само големата слика наместо да внимавате на малите нешта, малите чекори кои ќе ве доведат до успехот и среќата кои ви се потребни. Премногу ставате акцент на настани кои не се важни, а ги игнорирате работите кои се важни.

Време е да ги прекинете вашите бескрајни грижи за иднината. Иднината сè уште не е пристигната, а кога ќе дојде, може да биде многу лошо за вас, бидејќи се запоставувате себеси во сегашноста.

Се разбира, тоа не значи дека треба да престанете да размислувате за утрешниот миг, не значи дека не треба да планирате. Правете го она што ве прави среќни за подобро да се подготвите за убава иднина, размислувајте позитивно, верувајте во себе, верувајте во вашите позитивни мисли и вашите цели и ќе ги ослободите стравовите за иднината.

Но, престанете да се измачувате со непотребни мисли. Престанете да се стресувате за утре бидејќи заслужувате среќа денес, во овој миг сега.