Помогни, донирај, биди хуман, но и сликај се за на Фејсбук и Инстаграм

Да бидеш хуман е најдоброто нешто можеш да сториш. Да помогнеш таму каде најмногу е потребно. За некого твоето малку, значи многу. Да спасиш нечиј живот, да продолжиш лекување, да помогнеш во изградба на дом или пак школување.

Денеска за жал живееме во време кога хуманоста им е потребна на многу луѓе, на многу семејства на многу домови. Преку најразлични активности, настани, манифестации се обезбедуваат средства за таму каде што е потребно.

Но, често се прашуваме дали хуманоста денеска ја губи својата смисла. Се појавија многу хумани луѓе и организации, но ниту еден хуман настан не беше заборавен да се слика, да се снима и потоа да се објави на некоја ос социјалните мрежи. Која е поентата? Некои сметаат дека на тој начин, можат да се поттикнат и другите луѓе, кои се во можност да сторат исто такво дело, а некоие сакаат да покажат на јавноста дека тие се моќни, и да добијат на популарност, од различна страна. И Господ бил тој кој несебично помагал на другите луѓе, но никогаш не ги возвишил своите дела. Некои хуманиот чин го гледаат како мода, бидејќи денеска тренд кај моќните и богатите е да бидат хумани, но секако тоа да не се заборави да се спомне во медиумите и да се објави на социјалните мрежи . Во хуманста во секој случај нема ништо лошо, но дел од оние на кои тоа им е потребно се срамат да излезат пред камера.

Да бидеш денеска крводарител е една најхумана работа, но кога има хуманитарна акција, социјалните мрежи се преполни со слики. И пак едните со апел, а другите од мода и слава.

Во секој случај, не ја заборавајте својата хумана страна, бидејќи како што рековме, нашето малку, на некого значи многу.