„Политиката нема да го исчисти Скопје, важни ни се граѓаните“, вели Герасимовски

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски кажа дека политиката треба да се тргне настрана и да се посвети повеќе внимание на граѓаните.

- Да ја тргнеме политиката на страна затоа што таа нема да го исчисти Скопје. Нашиот фокус се граѓаните и нивното здравје затоа повикувам овој проблем да не се политизира, кажа Герасимовски.

Герасимовски апелираше до Град Скопје и „Комунална хигиена“ да најдат решение за проблемот со ѓубрето низ градот.

- Исто така апелирам додека Градот Скопје и ЈП „Коминална хигиена“ најдат решение, Дрисла да ги крене рампите за полните камионите кои чекаат пред врата и чистењето да продолжи, вели градоначалникот на општина Центар.