Поезија: Марко Виденовиќ - Недостигање

Марко Виденовиќ - Недостигање

Photo by Tamara Bitter on Unsplash

Горе на ридон,
се топи млада месечина,
во реката се заљубила,
а таа чиниш побавно тече,
да ја залаже, ја влече.
Млада е, си велам,
ќе ја залаже и ќе ми ја однесе,
а без неа што ќе сум,
спој од крв и месо
врз земјава што тежи.
Всета тага, тревата низ кодури ме скокотка,
ме моли да ги фрлам, бос да згазнам,
да ме помилува и да ме остави да сум вечен.
Убав е копнежот, но не недостигај
оти тоа не е добра карма,
сѐ некој силно ќе те посака
и далеку ќе те одвлече,
толку далеку што и тој не ќе умее
да те пронајде.
Горе на ридон,
месечината се топи, млада е,
и ние такви сме, еден крај друг дур се топиме,
еден во друг се припиваме,
само и само за да не си недостигаме
кога накусо разделени ќе сме.