Почината жена пронајдена во близина на река

Уште едно починато лице е пронајдено денеска. 

На 16.06.2022 во 11.20 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека на место викано „Новиот мост“, на брегот кај вливот на река Бошава во река Вардар било пронајдено починато женско лице, информираат од МВР. 

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Љ. А.(74) од Демир Капија. 

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.