Почина велосипедистот кој денеска беше прегазен кај Драчево

Почина лицето кое денеска околу 14 :45 часот беше прегазено од товарно возило во близина на Драчево.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ и патот за село Батинци, пред мостот кај Маркова река кога товарно возило марка „Mерцедес“ управувано од И.И. (1956) од село Чифлик удрил во 30-годишниот велосипедист Н.М. од Пинтија.

Повредениот со возило на Итната медицинска помош во животозагрозувачка состојба бил пренесен на КАРИЛ каде поради тешките повреди околу 16 часот починал.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам