На 20.03.2020 во 06,47 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во дом на ул.„Славеј планина“ имало починато новороденче. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и утврдено било дека се работи за бебе на возраст од еден месец.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.