По повод одбележувањето на Денот на Општина Илинден, "Илинден - 2 Август"- 45 крводарители даруваа крв

Во рамките на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден "Илинден - 2 Август" во Домот на култура "Илинден" се реализираше традиционалната крводарителска акција, во која 45 крводарители ја даруваа драгоцената течност што значи живот.

Како што велат во Црвениот крст на Република Македонија, во чија организација се реализираше акцијата, ова е една од досега поуспешните крводарителски акции во Општина Илинден, пред се поради тоа што таа се одржува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните се на годишни одмори.

И овој пат, според зборовите на вработените во Црвениот крст, граѓаните на Општина Илинден ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело, преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот.