По 18 дневна целосна блокада: Евзони делумно деблокиран

Граничниот премин „Богородица-Евзони“ на македонско грчката граница по 18 дневна целосна блокада од страна на грчките земјоделци, утрово е делумно деблокиран, изјавија од дежурната полициска служба на граничниот премин Богородица.

На грчка страна тракторите се уште стојат на местото каде што беа поставени но таму нема луѓе и едната лента од меѓународниот автопат е слободна за сообраќај на интервентен превоз од страна на автомобили и камиони.

Официјално се уште течат преговорите на грчка страна со земјоделците кои треба да одлучат дали во текот на денот целосно ќе ја отстранат блокадата на автопатот Скопје-Солун и ќе преземат други мерки за изразување на нивниот револт откако не им успеаја преговорите со грчката Влада.