Пионерките го освоија турнирот на Велкова 5

Со три победи младите пионерки на Вардар се победници на пријателскиот турнир што се одржа во Скопје во организација на клубот Велкова 5.

Нашите пионерки во првото коло го победија домаќинот, Велкова 5 со 11-10, што беше и најтежок натпревар. Потоа беше полесно, па на „менито“ на вардарки се најдоа ис Чачак (Србија), 20-6 и на крајот и пионерките на Ѓорче кои беа победени со 15-9.

“Турнирот беше за генерацијата 2000 и помлади, и одигравме три натпревари. Задоволна сум како девојчињата одиграа, и без потешкотии победивме и спроведовме се што се договаравме, и она што го трениравме изминатиот период. Ме радува напредокот што го покажуваат, уште повеќе што игравме по 10 минути полувреме, па немаше време ни место за поправка на некоја грешка. Игравме со истите противници кои ни беа гости во јануари на нашиот турнир и сега се глед анашиот напредок, не само во играта туку и однесувањето. Сите девојчиња се за пофалба, вели Драгана Ристова, тренерот на пионерската екипа на Вардар.