Пилешко со сос од кикирики

Ако го сакате вкусот на пилешкото, тогаш сигурно знаете дека е сосема компатибилен со вкусот на кикириките.

Ова е одличен начин како да ги споите во еден оброк:

Состојки (за 4 лица):

700 гр пилешки стек
2 лажички рендан ѓумбир
Малку сол
Една лажичка кафеав шеќер
2 лажички соја сос
2 лажички млеко
Една лажичка кари
Една лажичка масло

Сос од кикирики:

2 лажици путер од кикирики
50 мл вода
2 лажички соја сос
Малку чили и куркума
Сок од лимон
Малку шеќер

Подготовка:

Пилешкото исечете го на ленти со дебелина по желба. Од останатите состојки направете маринада и оставете го да се маринира најмалку 23 минути, а може и 24 часа. 

Можете дури да направите и ражниќи од пилешкото. Но, можете и да ги пржите на нелеплива тава или да ги испечете во тава за печење обложена со хартија. 

Додека се печат, измешајте ги состојките за сос. Можете да го прелиете врз пилешкото или да ги послужите одделно. Одлично одат со печени компири или со ориз.