Едноставен рецепт од само четири состојки, за највкусните колачи со путер од кикирики.
Состојки:
Едно јајце
200 г шеќер
180 г путер од кикиритки
Две полни лажици брашно од овесни снегулки
Подготовка:
Откако ќе ги измешате сите состојки, од смесата направете топчиња, кои потоа ќе ги сплескате. Употребете вилушка за да ги израмните и за да направите некоја интересна шара на нив. Потоа печете ги околу 12 минути.