Пет години од ужасните поплави во Стајковци

Во 2016 година во истиот период од годината се соочувавме со поројни дождови кои не запреа со денови. 

Силните дождови продолжија во попладнето на 6 август 2016, особено зафаќајќи ги Стајковци, Црешево, Арачиново, Смилковци и други места блиску до скопската обиколница, 

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Во овие поплави животот го изгубија 22 лица. Екипи на Црвениот крст и доброволци помагаа на терен, во расчистување на домовите и евакуирање на граѓаните. 

Поради поплавата, оштетени беа и делниците на скопската обиколница. 

8 август 2016 беше прогласен за ден на жалост.