Отворен регионален клуб за пензионерите во Стајковци

Утрово беше отворен новиот клуб за пензионерите од Стајковци и околните населени места.

-Со овој клуб обезбедуваме простор во кој пензионерите ќе можат да го поминуваат своето слободно време и да уживаат во своите пензионерски денови. Пензионерите ја имаат мојата и поддршката од општина Гази Баба. Со отворањето на овој пензионерски клуб се реализира уште едно ветување од мојата изборна програма, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Општина Гази Баба негува пријателски однос со Здружението на пензионери на Гази Баба и тоа ќе продолжи и во следниот период.