ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА БАЛКАНОТ: Што прогнозираат македонските метеролози? (ФОТО)

Во Хрватска, Србија и  Словенија веќе падна снег.Снежната покривка е најавено да достигне висина од 20 сантиметри, а ова не е прв пат да заврне снег во оваа сезона и на повисоките планини во Словенија претходно имаше дури два пати снег.

Освен ова за наредните денови е најавен и пад на температурите, силен дожд и ветер, додека од петок се најавен температурен шок.

Македонските метеролози за утре најавуваат зголемена облачност со појава на повремен дожд. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 26 степени. Во сабота и недела по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 2 до 11 односно од 2 до 10 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време со температури од 14 до 27 степени во сабота, односно од 16 до 29 степени во недела, но дали снегот ќе пристигне и кај нас останува да видиме.