Пациентки изманипулирани од гинекологот подготвени се да сведочат против него

Се отплеткува клопчето околу злоупотребите и манипулациите на гинекологот Никола Дамчевски, сега вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, пишува Нова ТВ.

На скопјанка, по препорака на матичниот гинеколог и била закажана итна операција од полип во матката, за потоа да и направат ин витро. На операцијата требало да присуствува и матичниот гинеколог.

- Кога се освестив од анестезијата немаше никого, ниту едниот, ниту другиот гинеколог. Немаше никакви траги од операција. Но, следниот месец Дамчевски ми кажа дека не е сè завршено, да доаѓам секој месец да ми става по една јајце клетка. Го прашав како е тоа возможно, нели се плаќа тоа, од каде тие јајце клетки. Тој ми рече дека ги чува замрзнати, да не се секирам, дека наши луѓе сме. Ние му плаќавме како за инсеминација, а на шалтер кажуваше дека ми правел ехо-преглед. По два месеца се освестив и се откажав од двајцата лажговци - раскажа таа. 

Друга жена вели дека за шест обиди со ин витро, му платиле повеќе од 6.000 евра на гинекологот Никола Дамчевски.

- Дамчевски ни ги зема сите пари што ги имавме. Немам документи за тоа, но подготвена сум да сведочам. Се сомневам во сè што правеше, а ми даваше цело време агресивна хормонална терапија. Изгубив шанса да добијам дете поради него - раскажува 46-годишна жена.

Јавноста апелира Фондот за здравство и Основното јавно обвинителство да отворат истраги за наводите на жртвите.

„Во врска со предмет за посочениот доктор, ФЗОМ е повикан како сведок во постапка која ја води ОЈО –Скопје, за појаснување на начин на финансирање на БПО. За детали за случајот потребно ќе биде да се обратите до Основното Јавно Обвини телство“, се вели во одговорот на Фондот за здравство, даден за порталот.

cheap nike free run 5.0