Тројцата храбри планинари Дамјан Карловски, Сенад А. Идризи, и Божидар Прањиќ му го спасија животот на скопјанецот Христијан А. (17) кој вчера падна во бездна и удри во карпа на Шар Планина, кај Титов Врв.

Со натчовечки напори тие дадоа се од себе да му го спасат животот на младиот скопјанец на -25 степени целзиусови.