Ова е тајниот рецепт на сараевските ќебапи

Надалеку прочуените сараевски ќебапи сега можете да ги подготвите дома за ручек и да ги споделите со семејството или пријателите.

Состојки:

  • 1,5 kg мелено јунешно месо
  • ½ kg јагнешко месо
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици сода бикарбона

За 1 ќебапче потребно е да земете 2% од вкупната количина на месо.

Месото исечете го на коцки, добро посолете го, измешајте го и прелијте со 100ml вода. Помешајте го и лукот, кој претходно малку ќе го проварите.

Оставете ја смесата да отстои преку ноќ.

Утредента сомелете ја смесата во машина за месо 2 пати и оставете ја неколку часа на собна температура, а потоа повторно ставете ја во ладилник уште неколку часа.

Пред да ги обликувате ќебапчињата, во смесата додајте 2 лажици сода бикарбона.

Испржете ги во тава или на скара.

Исечкајте кромид, додајте буковец и уживајте во сочниот оброк!