Ова е најголемата лага која си ја кажуваме себеси

Кога себеси си велиме дека воопшто не е важно како се чувствуваме, тоа е една од најголемите лаги кои си ги кажуваме во својот живот.

Кога се однесуваме како нешто да не се случило, создаваме основа за многу проблеми. Секој пат кога занемаруваме едно наше чувство, настануваат конфликти или лоши ситуации во нашиот живот.

Не треба да се плашиме да кажеме дека се соочуваме со страв и да го изразиме тоа, не треба да кажеме дека сме уморни од сите нешта, дека сме повредени и да бараме помош  и лекување, да побараме нежност и љубов, разбирање од нашите блиски. Не треба да ги игнорираме чувствата кои ги имаме во себе и да ги убедуваме другите дека тоа што успеваат да го прочитаат на нашето лице не е вистина.

Тоа е нашата ноќ која мора да помине и да бидеме храбри. Да се соочиме со сите нешта кои ни надоаѓаат на патот  и повторно да го дочекаме сонцето во нашиот живот.