Отворено писмо до девојката која се плаши да биде среќна...

Знам како е да се плашиш да бидеш среќна. Можеби цело време во глава ти се вртат работи кои те прават тажна, а не си ни свесна за тоа. Можеби не си баш тажна, но знаеш и дека не си среќна. Балансираш низ животот, едвај задоволна.

Ако си дозволиш да бидеш екстремно среќна, знаеш дека можеш да го изгубиш тоа и лесно да паднеш во другиот дел: екстремна тага.

Работата која мораш да ја разбереш е дека се е минливо: и среќата и тагата. Луѓето треба да ги имаат тие чувства. Не треба да се чувствуваш лошо што ги имаш тие чувства. Овие чувства доаѓаат и си одат и токму поради тоа успеваш да ги цениш добрите денови. Среќата не е дестинација, а ниту пак тагата.

Работите кои нѐ плашат најчесто се најдобри за нас. Ако нешто или некој повеќе не ти дава добро чувство, мораш да се ослободиш од нив, дури и ако се плашиш да го направиш тоа. Нешто прекрасно ќе се случи ако го направиш тоа.

Заслужуваш да имаш исполнет живот, живот полн со работи кои носат задоволство и среќа. Не треба да се мачиш за да минеш низ денот.

Една од најтешките работи при признавањето на тагата е признавањето дека и самите си ја предизвикуваме тагата. Никој не сака да го признае тоа. Никој не сака да признае дека причината за нашата тага директно произлегува од нашите дејствија.

Но, тоа е баш така. Ние сме одговорни за нашата среќа, како и за контролирање на нашата тага. Многу луѓе не го сфаќаат тоа. Ако имавме избор помеѓу среќата и тагата, кој би ја избирал тагата? Но, многу луѓе несвесно го прават токму тој избор.

Не се плаши од среќа. Ти ја заслужуваш. И сакам да бидеш среќна.

Сите копнеат по истото, секој сака да биде среќен. Тоа е она што го бараме. Не мисли дека си сама затоа што си тажна. Но, мораш да дознаеш што е она што те прави среќна. Најди ја онаа работа поради која секој ден ќе се будиш среќна. Ова е различно за сите. Иако сакам да ти го одговорам прашањето за тоа што те прави среќна, тоа не е нешто што го знам. Одговорот се наоѓа вотвоето срце и ти мораш да го слушаш.

Биди доволно храбра за да го слушаш твоето срце дури и ако се плашиш од тоа што има да ти го каже.

cheap nike free run 5.0