Оштетена заштитната дрвена ограда на патот кон Средно Водно

Дрвената заштитна ограда поставена на патот кон Средно Водно викендов е оштетена во должина од 10 метри.

Заштитната дрвена ограда на овој потег е поставена од Град Скопје со цел спречување паркирање возила и уништување на зеленилото и шумата.

Оградата ќе биде санирана во најбрз можен рок, а Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат поставената урбана опрема и да го почитуваат комуналниот ред.

nike air max 1 Shoes