Општина Бутел ќе избира најубаво украсен двор

Општина Бутел петта година по ред ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници. Со овој избор сакаме дополнително да ги мотивираме граѓаните, нивните дворови и куќи да заблескаат за време на претстојните празници.

Пријавувањето на празнично украсените дворови и куќи, граѓаните можат да го направат на шалтерот 1 во општина Бутел, на телефоните: 2 616-868 и 2 600-507 лок: 127, како и на меил адресата: portparol_butel@yahoo.com. Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци (име и презиме), адреса и контакт телефон, најдоцна до 28.12.2015 г. (понеделник).

Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат соодветно наградени.

Наградите за најубаво ,,раскажаните,, новогодишни бајки со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 05.01.2016 г. (пред божиќните празници). Наградите ќе ги врачи градоначалникот Петре Латиновски.