Избор за најубаво новогодишно украсување во општина Гази Баба

Со цел да се направи попријатна празнична атмосфера, во пресрет на новогодишните празници, општина Гази Баба започна со украсување на својата територија.

-И оваа година пред новогодишните празници ги мотивираме жителите на Гази Баба заеднички да го украсиме просторот каде живееме и работиме. За таа цел општината ќе доделува награди за најубаво новогодишно украсување во категориите двор, тераса и простор пред зграда (заедница на станари), пред стопански субјект, училиште и градинка, информираат од општината.

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 02/3212-886, на бесплатниот телефон 0800-4-2222, на e-mail mediumi@gazibaba.gov.mk или лично во едношалтерскиот систем во општината, најдоцна до 22.12.2014 год.